ЕКОЛОШКО ДРУШТВО „КИТКА”


 Решавање на отпадот – предизвик за иднината


Еколошкото друштво „Китка” од скопската населба Драчево започна со реализација на јавната кампања „Комунален отпад и депонии – предизвик на иднината”, кој се однесува на воспоставување интегрален систем за управување со цврстиот отпад и изградба на регионални санитарни депонии.


Овој проект е финансиран од Институтот за трајни заедници од САД, а ќе трае во текот на годинава. Содржи три компоненти: истражување и анализа на состојбите со отпадот и депониите, јавната свест, работата на јавните органи, информирање, едуцирање и презентирање на состојбите и лобирање за имплементација на Националната стратегија за управување со отпадот и отпадните води.