ОХО ВО КОАЛИЦИЈА СО 50 НВО

Изборен фер-плеј

Здружението ОХО оформи коалиција од над 50 НВО од Македонија, координирани од седум регионални центри, за спроведување на проектот „Изборен фер-плеј”, чија цел е информирање, едуцирање и мотивирање на гласачите за учество во парламентарните избори што ќе се одржат годинава.

Проектот претставува прв широко организиран настап на граѓанското општество во функција на политички изборниот процес, со цел да се обезбеди превенција на злоупотребите при гласањето.

ОХО одржа семинар од 12 до 14 јуни во Скопје, на кој ги претстави меѓу другото и активностите: донесување декларација, одржување повеќе трибини, концерти, како и водење кампања за едукација и мотивација на гласачите, која ќе опфати изработка на флаери, брошури, радио и ТВ спотови, билборди и огласи во весници и во списанија.


М.И.