Регионален форум во Македонија 

Улогата на граѓанското општество во процесот на евроинтеграција

На 22 и 23 јули во Скопје АПРОДЕВ, во соработка со МЦМС, ја организира регионалната работилница “Улогата на граѓанското општество во процесот на евроинтеграција и демократизација на Балканот”. На средбата за прв пат се собраа 40-тина претставници на граѓанското оштество, државните влади и институциите на ЕУ од регионот, а беа изготвени и главни препораки за во иднина: организациите на граѓанското општество да усвојат активна политика за соработка “виз-а-ви” со владите и ЕУ во споделувањето на нивната граѓанска експертиза; националните влади да промовираат отворен и транспарентен политички дијалог со граѓанските организации; институциите на ЕУ да ги поддржат активностите за подигање на свеста, со цел да се промовира разбирање на политиката за евроинтеграција кај пошироката јавност во регионот на Западен Балкан. Препораките треба да се репродуцираат во форма на документ и есенва да се презентираат пред Европската комисија.

Т.Х.