ПУБЛИКАЦИИ
МАЈА ЗАКОСКА
Пушење – вистини и заблуди
Еколошкото друштво „Опстанок” од Скопје ја поддржа и промовираше книгата „Пушење – вистини и заблуди” од авторот Маја Закоска. Во неа можат да се најдат податоци за фармакологијата и токсикологијата на тутунот и за пушењето како болест на зависност, како и законската регулатива против пушењето кај нас и во светот.
SEARCH FOR COMMON GROUND „Карван”...
Оеганизацијата Search for Common Ground почна да го издава спосанието „Карван”, кое излегува на англиски јазик и на локалните јазици во Македонија, Бугарија, Албанија, Грција и Косово. „Карван” е дел од проектот на Search for Common Ground, под наслов „Мостови за новиот Балкан”, кој вклучува и други активности со цел да делуваат како превенција на конфликтите.
... И „Мултиетнички форум”
„Мултиетнички форум” е исто така ново издание на американската организација Search for Common Ground, кое излегува на македонски, албански и англиски јазик. Македонската и албанската верзија на списанието се дистрибуира преку дневните весници „Дневник” и „Факти”. Ова специјално издание на Search for Common Ground, нуди текстови од областа на соживотот, демократизацијата, политиката и други области.
ПОРАКА
Списание за лицата со интелектуална попреченост
Републичкиот центар за помош на лицата со ментален хендикеп „Порака” го издава списанието со името „Порака”, во кое се објавуваат информации но и стручни текстови од областа на правата на лицата со интелектуална попреченост – термин за чија употреба се залага ова здружение. Во списанието се објавуваат информации за днецвните центри за лицата со посебни потреби, за контактите и средбите, медицински текстови и совети и слично.
ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД "ДИМИТАР ВЛАХОВ" „Приказни за енергијата”...
Низ приказни, на оригинален и достапен начин за децата, извидничкиот одред „Димитар Влахов” се обидува да ја пополни празнината во едукацијата на децата од областа на животната средина. Брошурата „Приказни за енергијата” е поддржана од Македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа.
...”Деца, мудро трошете ја енергијата”
Со уште една брошура, во вид на боенка, Извидничкиот одред „Димитар Влахов” ги едуцира децата за проблемот со енергијата и потребата од нејзина заштеда. И брошурата „Деца, мудро трошете ја енергијата” е исто така поддржана од Македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа.
ЕКОЛОШКИ ПРЕС ЦЕНТАР
Веб страница за животната средина
Еколошкиот прес центар ја озготвува веб страницата www.ecopresscenter.org, на која се објавуваат информации за пороблемите и случувањата од областа на животнатс средина во Македонија. Преку посебен линк, наречен „НВО медоимски пул”, можат да се најдат информации за активностите на невладините организации во Македонија. Издавањето на оваа веб страница е поддржано од МЦМС.
РЕЦ Нова Веб-страница
Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, со седиште во Унгарија, ја промовираше својата нова, преструктуирана веб-страница – www.rec.org. Оваа веб-страница, една од најбогатите од областа на животната средина во регионот на Централна и Источна Европа, нуди информации за владини институции и тела одговорни за оваа област; за невладини органицации, локалните власти, експерти и си друго што е поврзано со заштитата и унапредувањето на животната средина. Податоците за работата на Канцеларијата на Регионалниот еколошки центар во Македонија можат да се добијат на веб-страницата: www.rec.org/REC/Introduction/CountryOffices/Macedonia.html
|