Коментар     

Заедно за едно

Влеговме во Новата година, и место да почнат да ни се исполнуваат убавите желби, се случи голема несреќа. Цунамито одзеде многу човечки животи. Тага насекаде, а доброто во нас се покажа на дело. Низ целиот свет започ­на да се прибира помош за настраданите.

“Заедно за едно” беше мотото на минато­годиш­ниот НВО Саем - 4 форум на граѓанските орга­низации во Македонија, кој се одржа во декември и што ме асоцира на акцијата Денови на солидарноста, која се одржа во нашата земја, по повод настраданите од цунами во Југоисточна Азија. Македонија и неј­зините граѓани уште еднаш потврдија дека се солидарни со другите. Несреќата што се случи во Југоисточна Азија, Скопје ја про­живеа со катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Тогаш светот покажа солидарност за Скопје. Сега граѓаните на Македонија покажаа на дело дека можат да направат нешто за другите. Помогнаа сите, како можеа и колку можеа.

Ваквите акции не би требало да се органи­зираат само во вакви случаи, сите заедно треба да направиме нешто и околу проблемите кои ги има кај нас и кои треба да ги решиме заедно. Ги гледаме, но никако да се моби­лизираме и да ги ублажиме колку што е возможно. Во Македонија има бројни случаи, како луѓе кои с$ уште немаат вода, вклучување на мар­гинализираните групи во секојдневниот живот итн. Па, би можеле сите заедно да напра­виме нешто за подобро утре на другите.

Верувам дека луѓето од Македонија се желни да покажат хуманост. Пред с$, Мајка Тереза беше родена тука и нејзиниот живот го по­свети на немоќните. Ние денес треба да го сле­диме нејзиниот пример, кој треба да ни би­де водич во добрите дела.

 

Грамоз Шабани