Кампања
Глобална недела на акција против малото и лесно оружје
НВО Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина, веќе петта година по ред, е активно вклучена во Глобалната недела на акција против малото и лесно оружје. Кампањата годинава се одржа од 11 до 17 јуни на повеќе локации.
Во светот има 640 милиони парчиња мало оружје, односно по едно парче на секои десет лица на планетава. Од нив 59% се во рацете на цивилното население, 38% поседуваат владите и армиите, 2,8% се во рацете на полицијата и 0,2% се во рацете на вооружените групи. Според проценката во Меѓународната заедница, илјада луѓе дневно умираат како резултат на употребата на огненото оружје. Мажите и жените различно се погодени од вооруженото насилство. Огненото оружје убива повеќе мажи од жени, но жените страдаат поради несразмерната употреба на оружјето. Жените не го купуваат оружјето, не се негови сопственици или пак корисници. Тие, во најчест случај се негови жртви.
Во Глобалната недела на акција, свое учество имаа НВО Цивил, УНДП, Каритас Франс и ОБСЕ. Акцијата беше поддржана од Националната уметничка галерија на РМ, Советот за радиодифузија на РМ и Арт кафе Мала станица. Во текот на Глобалната недела на акција против оруженото насилство се снимаше ТВ серијата „Кажи да за животот”, посветена на ризиците и последиците од оружјето во нашето општество. Серијата ја финансира Советот на радиодифузија на РМ. Серијата е проект на Схортцут Продуцтион.
Т.Д.
|