ЈУБИЛЕЈ

Две години www.culture.in.mk
 

Министерството за култура на Република Македонија, Здружението на граѓаните „Јуно­на“од Скопје и печатените медиуми, на 12 јули годинава, го прославија вториот ро­ден­­ден на веб-страницата www.culture.in.mk, која информира за кул­турните случувања и за претставувањата на македонската култура во странство.

- Аспектот на соработка меѓу Мини­стер­ството и невладина организација дава посебна тежина, и од аспект на кре­дибилитет на информациите, а и од аспект на структурна децентрализација на инфор­мациите, совре­мен концепт каде ова Министерство на­вистина исклучително точно го разбира духот на времето - рече на прес-конференцијата, што се одржа по тој повод, г-ѓа Јасна Шоптрајанова, главен уредник на страницата.

Со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, неодамна започнаа по електронска пошта да се испраќа седмичното е-гласило, каде се инфор­мира за најважните случувања од претходната седмица и најава за прет­стојната. Претплатата е бесплатна. Во моментов е-гласилото се под­гот­вува на маке­донски и на ан­глиски јазик, а соглас­но пројавениот интерес, ќе се подготвуваат вер­зии и на јазиците на етничките групи во Македонија. Во изминатите две години се објавени речиси 7500 вести, односно про­сечно над 10 вести дневно, а од сеп­тември 2002 година, на веб-страницата има над 150.000 посетители.                      Г.Ш.