ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА МИР И СТАБИЛНОСТ
“Отвори 4 очи, народот зборува”
Во рамките на проектот Граѓанска платформа за мир и стабилност, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија започна кампања, чие мото “Отвори 4 очи, народот зборува”, на 6 јазици (македонски, албански, турски, ромски, влашки и српски), веќе може да се види на билборди, постери и лифлети. Проектот го финансираат ФИООМ и Британската амбасада во нашата држава. Тој започна во август 2002 година, пред последните парламентарни избори во Република Македонија, како придонес на граѓанските здруженија за изградба на Македонија како демократско општество.
Како дел од проектот, а како резултат од повеќе локални дебати, се изготвија документите “Граѓанска платформа за мир и стабилност” и “Приоритети наспроти приоритети”, кои ги отсликуваат приоритетите на граѓаните за развојот на државата, мирот и стабилноста. Подоцна беше изготвена и Анализата на работата на Владата во првите 100 дена. Овие документи се објавени во книга, која може да се набави во ФИООМ, а тие се достапни и на веб-страницата
www.graganskaplatforma.mango.org.mk
М.И.
|