ДВА 10-ГОДИШНИ ЈУБИЛЕИ
 

Деценија посветена на децата во Македонија

УНИЦЕФ, Меѓународниот фонд за децата на Обединетите нации, и  програмата “Че­кор по чекор” на Фондацијата за образовни и културни иницијативи, прославија 10 години од работењето за добробитта на децата во Македонија.

УНИЦЕФ својата канцеларија во Маке­донија ја отвори во 1993 година, а оттогаш работи на повеќе аспекти на зд­р­а­вје­то, образованието и заштитата на правата на децата. Делувањето на УНИЦЕФ во овој 10-годишен период во Маке­донија опфати повеќе активности, како на пример обезбедување средства за вакцинирање, едукативен материјал, дистрибуција на облека, спроведување на проектот “Бабѕ-Фриендлѕ Хоспиталс”, помош на децата згри­жени во институции, промоција на методот за интерактивно учење. УНИЦЕФ даде голем придонес во борбата против респираторните болести и јодниот дефицит кај децата, како и во други проекти, од фи­зичката рехабилитација, с$ до психичкото здравје на децата.

Програмата “Чекор по чекор” почна да се спроведува во 1994 година, како регионална програма на Фондацијата Институт отво­рено општество – Македонија и Универзитетот Џорџ Таун (Георге Тоњн) од Вашингтон, а подоцна продолжена од Фондацијата за образовни и културни иницијативи. Таа ги нагласува основните принципи на образование во демократско општество. Нуди активни методи на образование и стимулативна средина за децата во градинките и основните училишта, преку различни активности: поддршка на обуката на наставниците, семинари, работилници, средби, подигање на јавната свест, помош во остварување партнерство со национални и меѓународни донаторски организации, истражувања и други. Проектите како “Деца на улица” и “Надвор од кругот” претставуваат голем придонес за заштитата на детските права и на интеграцијата на сите деца во општеството во Македонија.

М.И.