Младинска програма за партнерство на Балканот
Отворена можност за студиски посети во регионот
Младинската програма за партнерство на Балканот е шема на мали грантови за студиски посети во регионот креирани за претставници од здруженијата на граѓани (ЗГ) кои работат во служба на децата и младите со цел размена на информации и техничка експертиза. Областите за размена на информации и техничка експертиза коишто ги покрива програмата се: вработување, технологија, неформално образование, здравство, граѓанско образование и градење на демократијата, доброволна работа, култура и животна средина, собирање средства, одржливост, изготвување грантови, мониторинг и проценка и планирање проекти.
Програмата за партнерство е отворена за апликанти од сите горенаведени ЗГ од Албанија, од Босна и Херцеговина, од Бугарија, од Хрватска, од Косово, од Македонија, од Црна Гора, од Романија и од Србија, а краен рок за аплицирање е 30 септември.
За повеќе информации посетете ја страницата http://www.balkansouth.org/partnership.html.
Т.Х.
|