ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОАКТИВА

Трета средба на НВО со Светската банка

Во рамките на проектот „Право на учество”, финансиран од холандската НВО Милеуконтакт Оост-Еуропа, Здружението на граѓани Проактива од Скопје на 20 февруари годинава ја организира третата средба на здруженија на граѓани и Светската банка. Средбата се одржа во просториите на Банката во Скопје. На средбата присутните претставници на граѓанските здруженија има можност од страна на Жарко Богоев, одговорен за секторот за инфраструктура и енергетика при Светската банка, да дознаат за реализираните, тековните и идните проекти спроведени во земјава, со финансиска помош од Банката.

Владимир Карчиски, секретар на Проактива, поајсни дека проектот "Право на учество" го започнале на 1 мај 2001 г., а било предвидено да трае до 30 ноември, истата година. За таа цел организирале еден семинар за мониторинг на меѓународните финансиски институции (МФИ), две средби на НВО од земјава со Светската банка (СБ) и една со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Успешноста на проектот наложила продолжување на истиот и по 30 ноември, минатат година. Проектот продолжува до 15 март годинава, а оваа средба беше во тие рамки.

- Средбите имаат за цел информирање на граѓаните за проектите и процедурите за нивното спроведување, помогнати од МФИ. На овие средби редовно повикувавме по петнаесетина граѓански организации, како што и беше денеска. Се обидуваме да бидат опфатени организации од цела Македонија. Досега на средбите учествувале претставници од Македонкиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Планинарското друштво "Ѓорги Наумов", Еколошкото друштво "Фиданка"од Скопје, "Биосфера" од Битола, ЕД "Грашница" од Охрид, ЕД "Злетовица" од Пробиштип, ЕД "Виножито" од Штип, "Голак" од Делчево, АИЕСЕЦ (АИЕСЕЦ) - огранок Прилеп и многу други - истакна Ана Чоловиќ, претседател на Проактива.

Проактива дејстува во областа на екологијата и е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои Банкњатцх Нетњорк - мрежа на НВО од централна и источна Европа кои работат на мониторинг на организациите донатори, ИЕБ – Интернатионал Енергѕ Бридгес, исто така мрежа на НВО за централна и источна Европа која работи во областа на обновливата енергија и нејзино ефикасно користење, итн.

Д.Медароски