Од Џорџ Сорос

Надуеното чувство на супериорност на Буш

13-ти март 2003 година - Трупите на САД и Британија подготвени да го напраднат Ирак, остатокот од светот убедливо се спротивставува на тоа. Сепак, Садам Хусеин главно се смета за тиранин кој мора да биде разоружен и Советот за безбедност при Обединетите нации едногласно побара тој да го открие и уништи сето негово оружје за масовно уништување. Што тргна наопаку?

Ирак е првата инстанца во која се применува доктрината на Буш и тоа предизвикува алергична реакција. Доктрината се темели на два столба: прво, САД ќе стори се што е во рамките на својата моќ да ја задржи несомнената воена супериорност; второ, го присвојува правото на превентивна акција. Овие столбови поддржуваат две класи на суверенитет: американскиот суверенитет кој има приоритет пред меѓународните договори; и суверенитетот на сите други држави кој е предмет на доктрината на Буш. Ова потсетува на „Животинската фарма“ на Џорџ Орвел: сите животни се рамноправни, но некои животни се порамноправни од другите.

Доктрината на Буш се темели на верувањето дека меѓународните односи се односи на моќ, а законитоста и легитимитетот се декорација. Ова верување не е целосно лажно, меѓутоа пренагласува еден аспект на реалноста - воената моќ - наспроти исклучувањето на другите.

Гледам паралела меѓу тежнеењето на администрацијата на Буш за американска супериорност и претенциозен процес или надуени шпекулации на берзата. Надуените шпекулации не се создаваат сами од себе. Тие имаат цврста основа во реалноста, но реалноста е искривена со погрешното толкување. Во овој случај, доминатната позиција на САД е реалноста, тежнеењето за супериорност е погрешното толкување. Реалноста може да го зајакне погрешното толкување, но на крајот празнината меѓу реалноста и нејзиното погрешно толкување станува неодржлива. За време на фазата на самозајакнување, погрешното толкување може да се тестира и да се зајакне. Тоа го зголемува процепот што води до конечен пресврт. Колку подоцна се случи, толку покатастрофални ќе бидат последиците.

Текот на настаните се чини неизбежен, но еден претенциозен процес може да се спречи во која било фаза, неколку од нив ги достигнуваат крајностите на недамнешните надуени шпекулации на берзата. Колку побргу се прекине процесот, толку подобро. Така јас гледам на тежнеењето на администрацијата на Буш за американска супериорност.

Претседателот Џорџ В. Буш стапи во канцеларијата со кохерентна стратегија базирана врз пазарниот фундаментализам и воената моќ. Но, пред 11-ти септември 2001 година, нему му недостасуваше јасен мандат или добро дефиниран непријател. Терористичкиот напад го смени сето тоа. Тероризмот е идеалниот непријател. Тој е невидлив и затоа никогаш не исчезнува. Непријател кој поседува вистинска и призната закана може ефективно да држи една нација заедно. Ова е особено корисно кога доминантната идеологија се базира на нескриеното тежнеење кон сопствен интерес. Администрацијата на господинот Буш намерно поттикнува страв бидејќи тоа помага нацијата и натаму да стои зад претседателот. Минавме долг пат од изреката на Франклин Д. Рузвелт дека нема од што да се плашиме освен од самите себе.

Сепак, војната против терорзимот не може да се прифати како водечки принцип на надворешната политика на САД. Што ќе се случи со светот доколку најмоќната земја во светот е преокупирана само со сопственото зачувување?
Политиките на Буш веќе предизвикаа сериозни ненамерни штетни последици. Атлантскиот сојуз се наоѓа во голем неред, а Европската унија е поделена. САД е застрашувачки џин кој се прави важен. Авганистан е ослободен, но закон и ред не е воспоставен подалеку од Кабул. Израелско-палестинскиот конфликт се продлабочува. После Ирак, во Северна Кореа се наѕира уште поопасна закана.
Глобалната економија е во рецесија, вредноста на акциите паѓа и доларот паѓа. Во САД се јави драматична промена од буџетски суфицит во дефицит. Тешко е да се најде друг период во кој политичките и економските услови толку брзо се влошиле.

Играта уште не е завршена. Брза победа во Ирак со мал број на жртви би можела да предизвика драматичен пресврт. Цената на нафтата би можела да падне; берзата би можела да слави, потрошувачите би ги надминале сопствените стравови и повторно би почнале да трошат, а бизнисот би реагирал преку зголемување на капиталните трошоци. Америка би ја прекинала својата зависност од нафтата во Саудиска Арабија, израелско-палестинскиот конфлик би можел полесно да се управува, а преговорите со Северна Кореја би започнале без да се претрпи понижување. Тоа е она што господинот Буш верува дека ќе се случи.

Воената победа во Ирак би била лесниот дел. Она што следи треба да ни замисли. Поминувајќи го првиот тест, претенциозниот процес има тенденција да го зајакне погрешното толкување што воопшто и го поттикнало. Токму тоа може да се случи овде.

Не е предоцна да се спречи претенциозниот процес да излезе од контрола. Советот за безбедност би можел да дозволи повеќе време за инспекција на оружјето. Военото присуство во регионот би можело да се намали - и да се засили доколку Ирак го попречува процесот. Инвазијата би можела да се започне на крајот на летото. Со тоа ОН би издвојувале победа. Тоа го предлагаат французите, а британците си уште може да направат тоа да се случи. Ама, шансите се мали, господинот Буш практично објави војна.
Да се надеваме дека доколку има војна, таа ќе биде брза и ќе земе само неколку животи. Отстранувањето на господинот Хусеин е добра работа, сепак начинот на којшто господинот Буш го прави тоа мора да се осуди. Америка мора да игра поконструктивна улога ако човештвото сака да напредува.

(Џорџ Сорос е претседавач на Институтот отворено општество и на раководството на Сорос фондот)

(www.mango.org.mk , преземено од Financial Times)