ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА МАКЕДОНИЈА

Демократијата и младите

Детскиот парлемент на Македонија (ДПМ) започна да го реализацира проектот „Демократијата и младите”. За целта на проектот, ДПМ ги подготви книгите „Демократијата и младите” и „Демократски буквар”. Книгите се наменети за средношколците, за децата од забавишните групи и за учениците од прво и од второ одделение.

За децата од основното училиште, кон крајот на мај, се подготвува нова книга „Демократска читанка”, како и делото „Си во си е си”, каде преку игра и забава децата ќе ги осознаваат основните принципи на демократијата. Промоцијата на овие изданија е закажана за 21 ноември годинава, за време на одржувањето на Меѓународниот детските права. Овој проект е одобрен од Министерството за образование.

„Со културата на мирот ја грабиме иднината”

Детскиот парламент на Македонија го спроведе проектот „Со културата на мирот ја грабиме иднината”, во рамките на кој беше организирана едукативна средба „Мирно образование – легија на мирни училишта”. Целта на проектот е прифаќање на идејата за мирно образование и мирно решавање на конфликтите, започната во Канада.

Во Легијата на мирни училишта досега се вклучени САД, Ирска, Шкотска, Шведска и Норвешка, а нашата земја ќе биде петта европска земја што ќе го прифати ова движење. Легијата, всушност, се залага на сите дечиња да им овозможи живот исполнет со мир и безбедна детска игра.

Проектот е одобрен од Министерството за образование, а соорганизатори се Јапонската хуманитарна организација ААР и Бирото за унапредување на образованието. 

Д.М.