ЛУЃЕ: Весна Јованова

Образованието треба да им биде достапно на сите

Професионално искуство
Иако по вокација сум професорка по филозофија, за жал, никогаш не добив можност да работам на својата професија. Започнав да работам релативно млада, уште како студентка. Иако работев разни работи, себе си на професионален план се пронајдав во ЕСЕ.

Ангажирање во граѓански сектор
Во Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р. Македонија - ЕСЕ, работам од 2000 год. До 2005 год. работев на Програмата за јакнење на капацитеите на женските НВО.  Од 2005 год, го водам одделението за развој на ЕСЕ, кое покрај прибирањето средства е задолжено и за односите со јавноста и медиумите.

Хоби и интереси
Професионалниот ангажман и семејството, како и на најголем број жени и мене не ми остава време за хоби.

Најтешка одлука
Нема тешки одлуки, има само позитивни или негативни последици од одлуките.

Амбиции
Да не се доведам во ситуација да се лажам себе си или своите најблиски.

Во слободното време чита:
Се обидувам да најдам време за читање и друга литература покрај стручната. Во моментов ги читам а и топло ги препорачувам “Баудолино” од Умберто Еко и “Заговор на третото небо” од Џулио Леони.

Каде оди во слободното време
Најчесто таму каде што сакаат моите деца.

За време на викендите
Доколку не работам, целото време го посветувам на семејството и домот.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Образованието, кое треба да биде достапно за сите.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Повторно образованието. Според втората цел на Милениумските развојни цели, треба да се обезбеди сите момчиња и девојчиња да го комплетираат своето основно образование. Светот, вклучувајќи не и нас е далеку од оваа цел.

Што би променил/а во Македонија и во светот?
Ставовите на општествата кон жените.

Совет/порака
Поделбата на обврските, одговорностите и придобивките е основа за рамноправност

Никогаш не би можел/а
Да застапувам мнозински туѓи гледишта и ставови ако тие се косат со моите принципи.