МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
Веб-форум за активно граѓанско учество
Министерството за финансии на Република Македонија, преку својата веб-страница (њњњ.финанце.гов.мк) започна отворен форум, замислен како врска со граѓаните. Целта на форумот е граѓаните активно да учествуваат со свои мислења по неколку клучни теми од областа на финансиите, како и да се информираат. Преку Форумот, граѓаните освен што можат да дискутираат и да го изнесат своето мислење, можат да поставуваат и прашања кои ќе им бидат одговорени од компетентни лица.
Во моментов, на Форумот се поставени неколку теми: Национална платежна картичка; Воведување фискални апарати - читачи на платежните картички, Спроведување на процесот на денационализација; Реформи во трезорскиот систем и Макроекономска политика.
М.И.
|