УНДП

Извештај за навремено предупредување

УНДП, веќе традиционално, го објави петтото издание на новата серија на Извештајот за навремено предупредување (ИНП), кој се однесува на Македонија. Во декемвриското издание на ИНП се опфатени теми кои се однесуваат на политичката и институционалната стабилност, социо-економската ситуација, меѓуетничките односи и лична и јавна безбедност.

Посебните поглавја коишто се фокусирани на различните теми што ги опфаќа ИНП се надополнети со конкретни индикатори и графикони илустративно дадени во самите анализи. Автори на извештајот се Ибрахим Мехмети, Руфи Османи, Сашо Ордановски и Слаѓана Тасева.

МЦМС

Детски раскази

“Детски раскази” е публикација што произлегува од избраните творби напишани од учениците од основните и средните училишта, на објавениот конкурс од страна на Министерството за образование и наука, по повод Осми април - Светскиот ден на Ромите.  “Да бидеш Ром: дома, на училиште, во општеството” и “Ромите во 21 век: како живеат и како другите ги доживуваат”, беа темите на коишто пишуваа учениците и каде што беа проточени кретаивниот дух, добрата мисла и искрениот збор.

Во дел од творбите е отсликан реалниот, тежок живот со којшто се соочуваат децата Роми. Публикацијата ја издаде МЦМС.

 

РКЕЦ “Дархија”

Детски двојазични училишни материјали

ЕКЕЦ “Дархија” во рамките на програмата “Применето образование за младите Роми”, што ја спроведува МЦМС во соработка со 15 основни училишта од 11 градови од Македонија, ја издаде едицијата „Двојазични училишни материјали” на македонски и на ромски јазик каде спаѓаат објавените публикации “Познати Роми” (Јул Бринер и Џанго Рајнхард), “Слики од старата кутија” (со превод на ромски, на македонски и на албански јазик), “Сонот на Алма” (стихотворби) и “Легендата за Ган и Чен” (приказна). Публикациите се испечатени со финансиска поддршка од МЦМС.