ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО ИРАК

Дајте му шанса на мирот 

Граѓаните на Скопје се одѕваа на повикот на неколку невладини организации: Хел­син­шкиот комитет за човекови права, Ми­ровна акција, МЦМС, ФИООМ, Одборот за миров­ни граѓански иницијативи, Социјалниот форум на Европа и други, и во неделата, на 15 февруари годинава, излегоа да го искажат својот протест против воената интервенција на САД врз Ирак. Граѓаните протестираа пред Амбасадата на САД во Скопје, пред Владата на Република Македонија, пред Парламентот и на плоштадот “Македонија”.

На протестот беа собрани неколку стотици граѓани, а фактот што меѓу нив имаше и стари и млади, и припадници на различните етнички заедници во Македонија, како и повеќе Европејци и Американци, зборува дека несогласувањето со насилството и желбата за мир се подеднаквио силни кај сите, без оглед за кој дел на светот се работи.

Протести против војната во Ирак се одржаа во околу 600 градови во целиот свет. Гра­ѓаните на светот апелираа против про­левањето “крв за нафта”, против насилната милитарна политика на САД, а според некои проценки ваква граѓанска глобална мировна акција не е забележана уште од војната во Виетнам, во шеесеттите години.

М.И.