Одржливиот развој и Македонија

Граѓанскиот сектор треба да биде катализатор

“Каде сме ние како општество во целата таа работа? Она што на прв поглед може да се забележи е дека постојат премалку ква­ли­тетни иницијативи во таа насока. Не гледам дека постои некоја суштинска соработка по­меѓу клучните актери: Владата, бизнисот и граѓанскиот сектор, што би резултирала со не­­­кои повидливи резул­тати. Според мое мисле­ње, тоа се должи на не­доволното поз­на­вање за тие современи трен­дови, некои застарени сфа­ќања за тоа како треба да се раз­виваме, како и ниското ниво на свест за ква­ли­тетна и си­гурна животна сре­дина.

Едноставно, сите ние како да гле­даме најдалеку до задутре, а никако нешто подолгорочно.  Владата треба да воспостави јасни правила и стандарди коишто доследно ќе се почитуваат, без оглед на историјата на засегнатите страни. Тука клучна улога ќе игра ефикасниот судски систем. Кај бизнис-заед­ницата треба да се наметне размислувањето дека има нешто многу пошироко од нивните лични интереси за профит, а тоа е општествениот интерес. А, најбрзо ќе се прилагодат на оваа ситуација доколку претходно споменатата влада  и судството доследно си ја работат работата. И, на крајот, граѓанскиот сектор треба да ја одигра улогата на катализатор, поттикнувач на процесите) - Мартин Мартиноски, координатор на РГПЛИ (Работна група за позеленување на локалните избори), иницирана од Милиеуконтакт оост-Европа.

(Без многу разбирање и елан, од немајкаде се прифаќа “светскиот тренд” и се прават првите срамежливи подготовки за долгата и неизвесна експедиција. Она што досега е сторено е пред с$ на нивото на начелното прифаќање на идејата за одржлив развој. Кај нас се уште нема видлив процес на одржлив развој. Она што со поосетливи инструменти би можело да се детектира денес се одредени амбиентални процеси коишто (во корелација со многу други такви) би можеле да придонесат за подоцнежното иницирање на самиот процес на одржливиот развој. Како позначајни помошни (амбиентални) процеси од тој аспект јас денес ги гледам - развојот на граѓанскиот сектор и приспособувањето на нашето законодавство кон соодветната регулатива на ЕУ.” - Перо Бошевски,- Екомисија. 

К.Б.