Претставување: ПЕВ - ПРОЕКТ ЗА ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Надминување конфликти, градење траен мир

ПЕВ - Проектот за заедничка визија, како филијала на ВСП Интернационал (Њар-торн Социетиес Пројецт – ЊСП Интернатионал), во Македонија ги спроведува своите активности од март минатата година. Асоцијацијата го искористи овој период за спро­ве­дување на првата фаза од истра­жу­вањата во Маке­донија преку реа­ли­зација на следниве активности: терен­ско истражување во 15 региони во Репуб­лика Македонија; истра­жување на македонската политичка реалност преку средби со политичките партии; истра­жување на меѓународната политичка реал­ност на Македонија преку стран­ските фак­тори присутни во земјата.
Овие истражувања резултираа со фоку­сирање на пет сектори кои ќе бидат прио­ритетни во понатамошната работа на ПЕВ и во креирањето на идните проекти. Тие приоритети се: политички односи, економски и социјални односи, човекови права, меѓу­етнички односи и интеркултурни релации, регионална и меѓународна соработка и родови односи.
Оваа организација е основана по препорака на Обединетите нации и постои од 1996 година. Седиштето на асоцијацијата се наоѓа во Женева, Швајцарија. Тимот во Маке­донија, кој го предводи проф. д-р Ферид Мухиќ, го сочинуваат дванаесетина млади луѓе.
ПЕВ Македонија, тргнувајќи од генералните приоритети на ВСП Интернационал, кој работи во партнерство со Обединетите нации, но и во соработка со локалните партнери и претставниците на етничките групи во земјите каде што е присутен, работи во насока на надминување конфликтите и градење траен мир.
Таа им помага на општествата разурнати од конфликти да изградат траен мир, а тоа го прави преку консултации, истражување и анализа со сите сектори на општеството и со меѓународните агенции за помош. ПЕВ Македонија тргнува од мотото дека одрж­лив мир може да се постигне само ако е поддржан од сите страни вклучени во конфликтот, заснован на разбирање, до­верба и заедничка визија за иднината, а не преку употреба на сила. Тоа го постигнува преку моделот на партиципативно учество со цел да им се даде можност на сите засегнати учесници во процесот да ги идентификуваат заедничките предизвици и да постигнат заеднички ре­шенија.
ПЕВ Македонија работи и со меѓу­на­родната заедница. Финансиски е под­држана од повеќе западноевропски земји (Данска, Финска, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шведска, Швај­царија), од Ка­нада, од САД, од Јапонија, а преку партнер­ството со Обединетите нации сора­ботува со неколку програми - УНДПА (Унитед Натионс Департмент фор Политицал Аффаирс УНДПА), УНОЦХА (Унитед Натионс Оффице фор тхе Цоординатион оф Хуманитариан Аффаирс УНОЦХА), УНДП (Унитед Натионс Девелопмент Программе УНДП) и УНИЦЕФ (Унитед Натионс Цхилдрен’с Фунд УНИЦЕФ).

Д. Медароски