Либан
Февруарски датум за гласање
Либанските нарушени претседателски избори се одложени по 13-ти пат со продолжувањето на политичката криза во земјата. Пратениците требаше да се сретнат и да изберат шеф на државата, слободно место уште од ноември, но датумот сега е одложен за 11 февруари. Ривалските прозападни и просириски фракции не успеаја да се согласат околу структурата на новата влада. Се случи прекин, и покрај посредството на Арапската лига за поместување од мртвата точка. Претседателскиот рок на Емил Лахуд заврши на 23 ноември 2007 година, без да се именува наследник.
Спикерот на парламентот, Набих Бери, го соопшти одлагањето по средбата со шефот на Арапската лига, Амр Муса. Господинот Муса се обидува да ги убеди либанските фракции да го прифатат арапскиот план да се избере армискиот командант Ген Мишел Сулејман за претседател додека се формира национална обединета влада и да се донесе нов избирачки закон.
Мртвата точка во врска со изборот на претседател претставува најлоша либанска политичка криза од долгата граѓанска војна во земјата која заврши во1990 година
|
|