ЕКОЛОГИЈА И РАЗВОЈ
Изграден првиот еколошки град во светот
Еко-градот Ајвори парк во Јужна Африка се изгради како прв еколошки и самоодржлив град и заедница во светот. Во моментот тој е дом на 200000 луѓе. Градот лежи на периферијата на Јоханесбург, место на кое сиромаштијата е на највисоко ниво. На тој начин, проектот има за цел заеднички да ја искорени сиромаштија и да обезбеди одржлив развој. Еко-градот се роди како експеримент на “Еартхлифе Африка”, локална НВО, но сега е сопственост на Градскиот совет на Јоханесбурд, а локални и странски бизнис-актери се собраа, како и различни јужноафрикански владини агенции. За повеќе информации во врска со првиот еко-град во светот посетете ја страницата: http://www.ecocits.org.za.
Т.Х.
|
|