Концепти
Одговорност за општествените прашања
Граѓански свет во бројот 64 ја започна презентацијата на делови од публикацијата Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија што ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка. Публикацијата е всушност извештај направен на основа две анкети и резултатите од четири фокус групи. Анкетите и фокус групите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Публикацијата во пдф формат е достапна на www.mcms.org.mk.
Начини на решавање на општествените потреби
Граѓаните, со оглед на очекувањата од улогата на државата во решавање на општествените потреби, сметаат дека најмногу може да помогне зголемувањето на одговорноста на државата и на деловниот сектор.
Графикон 1.
На задоволувањето на општествените потреби на граѓаните најмногу може да се помогне со:
Образование и обука на граѓаните за вработување е начин на решавање на општествените потреби (пр. вработување), наспроти малите очекувања од социјално-хуманитарната помош.
Разлики во ставовите се јавуваат само во образовното ниво. Во социјално-хуманитарна помош веруваат оние со незавршено основно образование (23,7%). Оние со високо образование веруваат во зголемување на одговорноста на државата и на деловниот сектор (43,5%), наспроти оние со незавршено основно образование (21,1%) и основно образование (30,5%). Битно е дека во однос на оспособувањето и обука на граѓаните нема разлики меѓу различните образовни структури, а во нив најмногу веруваат оние со примања над 12.000 МКД/член (49,4%).
Овие ставови кон социјално-хуманитарната помош се поддржани и со одговорите на преференциите меѓу горенаведените опции.
Графикон 2.
Со социјална и хуманитарна помош не се решава ништо, туку луѓето треба да се оспособат и да се воспитаат сами да ги решаваат проблемите.
Со овој став најмалку се согласуваат оние со незавршено основно образование (воопшто не се согласувам - 21,1%).
Заклучоци
Социјалната и хуманитарната помош не се решение за проблемите, туку вработувањето
Дека социјалната и хуманитарната помош не се решение за проблемите, постои висока (целосна и делумна) согласност (74,1%). Со овој став најмалку се согласуваат оние со незавршено основно образование, кои најверојатно се перципираат како група во потреба.
Во оспособување и обука на граѓаните за вработување веруваат 35,9%.
Ваквите ставови на јавноста може да бидат поддржувачки за поголемо внимание на развојот наспроти социјалната помош.
Од друга страна, во мотивите, целите и целните групи на добротворството може да се видат обратни заложби на граѓаните
|