Истражување на ОКСФАМ
Повеќето апели на ОН добиваат понмалку средства
И покрај минатонеделниот итен апел од страна на Кофи Анан за поголема помош, молбите упатени од страна на Обединетите нации добиваат само 19% од побараната финансиска помош, а доколку е вклучено ветување (кое често пати не се исполнува), помошта достигнува максимум до 30%. Според податоците, ветени биле 90 милиони долари од 312-те побарани од ОН, а само четири земји - Шведска, Луксембург, Холандија и Данска досега дале повеќе од нивниот фер удел. Владите коишто дале помалку од една петтина од својот дел се: Јапонија (17%), Германија (14%), САД (19%) и Италија (7%).
Седум влади на богати земји - Белгија, Франција, Австрија, Финска, Грција, Португалија и Шпанија досега немаат дадено ништо за апелите на ОН. За разлика од нив, многу посиромашни земји, како на пример, Полска и Чиле, имаат придонесено многу повеќе за апелите на ОН.
Според истражувањето на ОКСФАМ, додека итните случаи од потежок калибар великодушно се финансираат (на пример, апелот на ОН за Ирак од 2003 година доби 90% од побараните средства, а апелот за цунамите 80% од финансиските средства за 10 дена), во 2004-тата година владите-донатори обезбедија помалку од две третини од она што беше побарано во итните апели на ОН, оставајќи црна дупка од 1,3 милијарди американски долари во итните програми.
Повеќето итни апели на ОН добиваат помалку од 30% од побараните средства во првиот месец. Други моментални апели на ОН, како апелот за Малави, остануваа исто така недофинансирани.
Целосниот список на владини придонеси за апелите на ОН споредбено со нивниот фер дел, можете да најдете на: хттп://њњњ.оџфам.орг/енг/пр051025_соутхасиа_аппеал_бацкгроунддоцс.хтм.
|
|