ИНТЕРВЈУ, НАФИ САРАЧИНИ

Развојот на граѓанското општество е внатрешна задача на државата
 

Придонесот на НВО е неопходен за решавање на проблемите како сиромаштијата или невработеноста на еден поодржлив начин, особено ако се земе предвид колку ефективни се класичните, традиционалните мерки што Владата ги презема за намалување на сиромаштијата, кои служат главно како средство за гаснење оган, а не придонес за трајно решавање на состојбите.

Маријана Иванова

Г. Нафи Сарачини во граѓанското општество во Македонија е инволвиран од повеќе аспекти - тој е моментно советник за гра­ѓанско општество во Делегациската на Ев­роп­­­ската комисија во Скопје; иницијатор и основач е на две невладини организации: ЦМУЦ (Центар за мултикултурна соработка) и Сојуз на родителите на учениците од основните училишта; Член е на Бордот на Фондацијата Институт Отворено општество - Македонија, и има повеќе  други ангажмани во овој сектор.

Инаку, по професија е социолог, а во граѓанскиот сектор е активно вклучен од 1993 година - прво во ЦРС, а потоа во програмите ФАРЕ. Со г. Сарачини разго­варавме за неговото видување на пози­тивните и на нега­тивните аспекти од момен­тната состојба на граѓанскиот сектор во Македонија, но и за неговите перспективи.


Г.С. - Какво е Вашето искуство од работата во невладиниот сектор во Македонија од позиција на службеник на една европска институција?

Н.С. -
Факт е дека невладиниот сектор игра значајна улога и претставува еден од нај­значајните индикатори во следењето на развојот на демократските процеси на една земја - за Македонија конкретно за сле­дењето на просесот на интеграција во Европската унија. За жал, во Македонија значењето на овој сектор не е соодветно разбрано и од релевантните владини инсти­тиции, а во извесна мера и од организациите кои припаѓаат на граѓанскиот сектор. Има еден позитивен исчекор кој се согледува и кај владините, и кај невладините организации, во смисла на истакнување неопходноста за меѓусебна соработка и заемно преземање на одредена одговорност во демократизацијата на земјава, кој во моментов е најприсутен на вербално ниво, но за жал во практиката не се спроведува онака како би требало. Имено, и покрај декларативните изјави и повици за соработка на владините инсти­туции со НВО, за жал с$ уште се случуваат работи како што е донесување закони или стратешки програми без учество на оние кои се најмногу засегнати - без партнерско учество на граѓанските организации. 
 

Г.С. - Неколку пати во јавноста и во ме­диумите истапивте критикикувајќи ги невла­дините организации заради нивната неажур­ност, опортунистички став кон фондациите, немањето стратешка определба. Зошто мислите дека тоа е така, и дали во меѓу­време мешто се поместило во позитивна насока?

Н.С. -
Многу малку е променето во таа насока. Тоа што работите стојат така во невладиниот сектор секако е последица на одредени состојби, а не е причина самата за себе. Меѓу причините кои довеле до таквата состојба е вкупната социо-економска сос­тојба, при што како клучна би ја истакнал невработеноста; од друга страна самиот карактер и однос на донаторите во голема мера придонесува за создавање таква клима која како крајна цел создава една лажна слика на голем број на активности и големи суми на средства потрошени за развој на секторот и за подобрување на одредени состојби, но без конкретни ефекти. Се слу­чуваат многу актив­ности и настани, но не се случуваат конкретни промени. Таквиот однос како свој додатен ефект произведува состојба на демо­ти­вираност кај самите НВО но исто така и кај донаторите, воедно гради голема доза на недоверба кон овој сектор и кај граѓаните.

 

Г.С. - Што би требало да се направи за да се промени ваквиот непродуктивен однос?

Н.С. -
Има работи на кои НВО можат, а нанекои не можат да делуваат. Би се задржал на оние на кои можат да делуваат - некои од основните граѓански принципи на делување на НВО треба да се преиспитаат и да се вратат во живот. НВО треба да се вратат кон основниот принцип - дека постојат заради граѓаните а не заради исполнување одредени лични интереси или интереси на одреден донатор. Исто така, треба да работат на својата стручна специјализација и сопствена афир­мација како експертски институции за одре­дени области, а не за сите области, и како такви да се јават како креативни партнери на владините институции. Ќе мора да се одбегне логиката на странски донатор и зависност од донаторите и да почне да се развиваат капацитетите на сопствени извори на до­нации, вклучувајќи ги тука и државните средства. Сметам дека е исто така многу значајно да се постигне вистинска сора­ботка меѓу самите НВО кои ра­ботат на истата сфера (или различни сфери), во насока на подо­брување на услугите кои тие можат да ги по­нудат. Она што сега го имаме е ком­плетна несо­работка и борба за осво­јување на до­на­торски сред­ства, при што секоја друга орга­ни­зација се перципира како кон­курент. Од перспек­тива на донаторска инсти­туција, оваа несоработка е многу впечатлива кога раз­лични организации кон­курираат со речиси ист проект или кога орга­ни­зацијата која кон­курира со проект од одредена област во својата апликација не прикажува информација за тоа што другите организации имаат напра­вено или прават во одреден сектор. 

 

Г.С. - Како во моментнава состојба, со сите економски, социјални, политички и други проблеми во државата, може да се обезбеди одредена самоодржливост и независност на НВО?

Н.С. -
Негативен, но и позитивен, е фактот што присуството на меѓународните инсти­туции и нивните фондови е во процес на намалување. Негативно е поради тоа што тоа веројатно директно ќе се одрази врз кван­титетот, а и квалитетот на работата на НВО, а позитивното е тоа што, сметам, ќе придонесе за побрзо отрезнување и ќе делува во насока на создавање на потребната клима како и правна структура за обезбедување на одрж­лив опстанок и развој на НВО. Имено, отсекогаш сум сметал дека развојот на граѓанското општество е внатрешна задача на државата и дека единствено таа може и треба да обезбеди и да создаде можности за непречен развој на овој сектор. Таа одго­ворност државата с$ уште ја нема преземено, делумно затоа што се потпира на странските донации, делумно поради својата неза­интересираност, но сепак тоа неминовно ќе мора да се случи. А за тоа да се случи, секако голем притисок треба да извршат НВО.

 

Г.С. - Дали сметате дека граѓанските орга­низиации можат во значајна мера да про­идонесат за намалувањето на сиро­маш­тијата и на невработеноста и да дадат одреден импулс за развој на локалните заедници и на државата во целина?

Н.С. -
Апсолутно дека придонесот на НВО е дури неопходен за решавање на проблемите на еден поодржлив начин, особено ако се има предвид колку ефективни се класичните, традиционалните мерки што Владата ги презема за намалување на сиромаштијата, кои служат главно како средство за гаснење оган, а не придонес за трајно решавање на состојбите. НВО можат да придонесат за трајно решавање на проблемите. Големината на НВО е во самиот принцип на само­организираност на оние на кои им е потребна  извесна помош или сакаат да изменат одредени состојби. Во таа смисла, невла­диното организирање е фронт каде социјално загрозените, невработените, можат да се организираат и да направат нешто самите за себе, а да не чекаат само некој друг да прави нешто за нив. Но, за жал, с$ уште овој начин на размислување не е широко присутен кај нас - барем не на она ниво на кое што треба да биде. И не само кај овие лица, туку и пошироко, кај сите граѓани, што сметам дека е и една од ос­нов­ните слабости и не­достатоци на де­мо­кратската за­едни­ца која се обидуваме да ја изградиме во Ре­пуб­лика Маке­до­ни­ја. Граѓанското чув­ство за права и одго­ворности не е при­сутно во нашево оп­штетсво и поради тоа имаме состојби на драматично за­гро­­зување на гра­ѓанските права, при­тоа без никаква ре­­акција од страна на гра­ѓаните. Не­анга­жираноста на гра­ѓаните неретко е зло­упот­ребувана и од НВО, а не само од политички и други струк­тури, што дополнително ја обременува сос­тојбата со развојот на секторот на НВО.