Мултиетничко здружение на граѓани “Флоренс Најтингеил”, Куманово
Ненасилството, главна активност на здружението
Здружението „Флоренс Најтингеил” (Флоренце Нигхтингале) е основано во 2002 година, во Куманово. Неговата мисија е подигање на свеста и дејствување против секој вид насилство преку развивање едукативни и превентивни програми за заштита на правата на граѓаните и за живот без насилство. „Флоренс Најтингеил” е член на женскиот центар Куманово и е активно во спроведувањето заеднички проекти во Центарот, поддржани од „Квина тил квина”.
„Флоренс Најтингеил” е здружение кое досега постигнало резултати од областа на подобрување на меѓуетничките односи, особено кај младата популација, и тоа пред с$ преку учество во мултиетнички проекти за развој на волонтерството со женскиот центар ЖНВО, каде 12 членки со различна етничка припадност се носители на програмата против насилството. Со младите од Косово, учествуваа во неколку проекти за „Живот без насилство”, во програмата на Ист вест институт (Еаст Њест Институте).
Меѓу проектите кои биле спроведени досега во разни области, би се истакнале „Семеен центар”, „Летно училиште Струга 2002”, „Англиски јазик за деца со мешан етнички состав”, поддржани од Каритас Австрија, како и проектите „Злото на дрогата”, „Хив СИДА”, „Курс за шиење и кроење”, поддржани од МПДЛ, како и проектот „Подобрување на меѓуетничките односи”, поддржан од Американската амбасада. Проектот „Заедно против насилството” е реализиран во кумановско-липковскиот регион, поддржан од ИПК.
„Флоренс Најтингеил” има организирано трибини, работилници, дебати, округли маси, чии активности биле презентирани и во многу телевизиски емисии. Неговите членки учествувале на разни семинари и конференции, и е членка на СОЖМ, а исто така е координатор на ГПКТ за меѓугранична соработка.
Здружението „Флоренс Најтингеил” и понатаму ќе дава придонес за подобрување на целокупната состојба во земјата и пошироко со своите активности предвидени за следниот период.
|