ФИООМ

Што ќе работи ФИООМ во 2005 година?

Фондацијата Институт отворено општес­тво – Македонија на 22 февруари одржа прес-конференција на која ја претстави својата програма за работа и буџетот за 2005 година. Пред новинарите беа прет­ста­вени приоритетите на Фондацијата: под­­­­др­шка на реформите и на јавното учес­тво во креирањето на политиките, про­мо­ци­ја на граѓанското општество, децен­тра­ли­зацијата, интеграцијата во ЕУ и ин­те­гра­ци­јата на Ромите.

ФИООМ спроведува 13 програми, и обез­бе­ду­ва грантови, информации и контакти, обу­ки, но го ангажира и сопственото ис­кус­тво и експертиза. ФИООМ особено се зала­га за градејње партнерства и сора­бот­ка на различни нивоа.

Во 2005 година Фондацијата располага со буџет од 7.614.373 американски долари, од кои 3.413.115 долари се од фондовите на Џорџ Сорос, а останатите од други до­на­тори и партнери.

Извршниот директор на Фондацијата, г. Милчин нагласи дека во наредните некол­ку години, нема да биде намалена стран­ска­та донаторска помош за невладините орга­низации од Македонија. Кај донатор­ската заедница постои свест дека на не­вла­диниот сектор му е потребен период да се преструктуира за да може да фун­к­ци­онира самоодржливо, поради што ба­рем уште седум години странските дона­то­ри ќе ги  поддржуваат граѓанските орга­ни­за­ции.             М.И.