ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Социјална интеграција на менталните болни

На 23 април во Скопје е отворен Центар за ментално здравје и Заштитен дом, во рамките на проектот на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија, финансиран од ECHO. Центарот и Заштитниот дом се лоцирани во близина на Тутунскиот комбинат (ул. „3. Македонска ударна бригада” бр. 4). На отворањето присуствуваа министерот за здравство, д-р Драган Данаиловски, шефот на делегацијата на Европската комисија во Македонија, г. Пинто Тешеира и шефот на Канцеларијата за хуманитарна помош на Светската здравствена организација, д-р Амброџио Маненти.

На околу 900 квадратни метри простор, сместени се простории за живеење на пациентите, сали за работна терапија и обучување за разни занаети како можност за социјализација во општеството и дневна болница. Капацитетот на објектот е за 60  пациенти, со кои ќе работи десетчлена посебно обучена екипа. Со овој проект се нудат алтернативни решенија за социјална интеграција на лица со ментални болести и вулнерабилни групи.