СОЖМ и Норвешка народна помош

Конференција “Жените тоа го можат”

Во Охрид, од 8 до 10 јуни, се одржа петтата годишна регионална конференција ,,Жените тоа го можат”, во организација на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија, во соработка со Норвешката народна помош.

Конференцијата беше насочена кон презентирање и споредување на достигнувањата и резултатите на планот на политичкото јакнење на жените во регионот, односно во Македонија, во Албанија, во Хрватска, во Србија, во Црна Гора, во Косово и во Моладавија, како и споредбената застапеност на жените во парламентите на овие држави и Кралството Норвешка.. Учествуваа претставнички на оранизациите партнери на Норвешката народна помош од земјите во регионот, кои веќе пет години ја спроведуваат програмата „Жените тоа го можат”.

К.Б.