ДОНАТОРИ  


ПРОГРАМА ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА И ЖИВОТНА СРЕДИНА НА КОМПАНИЈАТА ФОРД  

Продолжува аманетот на Хенри Форд

Хенри Форд, основач на една од најголемите компании во светот, Компанијата ФОРД Моторс, бил познат и како голем визионер, иноватор и вљубеник во природата и културното наследство. Неговиот аманет, оставен на наследниците на автомобилското царство кое го основал, бил создавање на фонд со кој ќе се поддржат иницијативите за заштита на природата и културното наследство, како и иницијативи на млади кои значат нов приод во конзервацијата на природата и на културното богатство. Фондот бил создаден и активно се спроведува во последните 18 години, а е проширен на 50 држави во светот.
Аманетот на Хенри Форд продолжува. И годинава, Програмата за конзервација и животна средина на ФОРД доделува грантови, кои во Македонија се доделуваат четврта година по ред, на поединци или организации за непрофитабилни проекти. Проектите се однесуваат на четири категории: природна околина, културно наследство, инженеринг за заштита и детски и младински проекти.
Минатата година, добитници на грантовите на ФОРД беа проектот за ревитализација на Катлановскиот шамок од Иницијативниот одбор за ревитализација, проектот „Едно училиште - еден споменик” претставен од д-р Панче Велков и проектот „Последниот балкански рис”, на Националниот форум за заштита на животните. Претходната година, добитници беа проектот за спас на македонската јагула, на Националниот форум за заштита на животните, проектот за карпестата уметност и проектот за островот Голем Град, реализиран од претставници на Новинарско- правниот енвиро центар ЕРИНА и Друштвото на еколозите на Македонија. Првата година во која Македонија се вклучи во оваа програма, беше награден проектот за заштита на Шарпланинецот во Македонија, на младиот Марко Савовски.
Оваа програма во Македонија ја спроведува агенцијата „Престиж”, каде можат да се добијат апликациите и информациите за учество.
М.Иванова