НВО Инфоцентар


Креирање позитивно мислење за граѓанските асоцијации

Во рамките на НВО саемот - 3 Форум на невладините организации, на вториот ден од неговото одржување, во рамките на организираните пре­зентации, беше пре­ставен и НВО Инфо­центарот. Како свои цели на работа, Цен­тарот ги постави зго­лемувањето на вид­ливоста и влијанието на граѓанскиот сектор во општеството, подо­брувањето на инфор­мираноста и раз­би­ра­њето на јавноста за улогата на граѓанската иницијатива, како и креирањето на по­зи­тивно мислење за граѓанските асоцијации.

Граѓанските асоцијации и неформалните групи од Македонија, обраќајќи се до Инфоцентарот, бесплатно ќе можат да ги добиваат сите информции и услуги кои тој ги поседува. На граѓаните на овој начин им е  овозможена директна комуникација и соработка со медиумите, со новинарите, државните институции, но и со  донаторите. Исто така, тие тука ќе можат да се обратат и за изработка на експертизи. Центарот нуди и обуки за комуникација со јавноста, простор и опрема за прес-конференциии,   семинари, дебати, тркалезни маси, кон­султации и логистичка поддршка на настани и кампањи од јавен карактер, а во неговата работа спаѓа и мони­торингот на медиумите.  


НВО Инфоцентарот по­се­дува специјализирана библиотека и база на податоци. 

Седиштето на НВО Ин­фо­центарот е во цен­тарот на Скопје, Градски ѕид, блок 8 (локација: Зелен Пазар, Вардар Оси­гурување), а истиот е отворен секој  работен ден од  9 - 17 часот . Контакт на тел/факс: (02) 32 33 560,  321 66 90  или  по електронски пат: 

е-маил: infocentar@sonet.com.mk 

 infocentar@mdc.org.mk

 



инфоцентарЖмдц.орг.мк