ЕКОЛОШКИ ПРЕС-ЦЕНТАР


Бела и црна еко-листа

Државниот инспекторат за животна средина и службата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање, Спелеолошкото друштво „Пеони”, УНДП - Програмата за развој на ООН, Движењето на екологистите на Македонија и професор д-р Југослав Зиберовски ги добија годинешниве признанија од „белата еко-листа” на Еколошкиот прес-центар.

Специјални признанија добија поранешниот министар за животна средина, Тони Поповски, ревијата „Екологија” и скопската рубрика на „Нова Македонија”.
На црната еко-листа се најдоа Управата за хидрометеоролошки работи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, ХЕК „Југохром” од Јегуновце, основните судови во земјава и МХК „Злетово” од Велес.

ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ "МАТИЦА"


Афирмација на апикултурата

Пчеларското здужение „Матица”, со поддршка на Институтот за трајни заедници од САД, стартува со кампања за афирмација на апикултурата во општина Кочани.

Во остварувањето на своите цели – афирмација на апикултурата, едукација и остручување на пчеларите и афирмација на пчеларството како стопанска гранка, ова здружение есенва работеше на микропроектот на CRIC – Италија. Во рамките на проектот, седум пчелари добија опрема во вредност од 18.000 германски марки, а за возврат дадоа 1.300 килограми мед од своето производство.
Беа организирани и стручни обуки со предавачи од Италија и посета на пчеларник во Охрид, проследена со практична настава. Во Кочани, покрај тоа, беше организирана пчеларска изложба.