КАЛЕНДАР
 
1-7 октомври
Детска недела
Традиционално, првата недела на октомври им е посветена на децата. Предвидени се повеќе активности (промоции, изложби и други), организирани од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. 
 
6-7 октомври 
Посета на Малешевијата
Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД и овој месец организира интересна посета на природните лока­литети на нашата држава. Овој пат, дестинацијата е во, за многумина, недо­волно откриената источна Македонија. Викендот, 6 и 7 октомври, се организира посета на Мале­шевијата и на Берово. Заинте­ресираните треба да се пријават што побргу во ГАРД, на телефонот 02/130-000. 
 
 
17 октомври 
 
Во борба против сиромаштијата
Седумнаесетти октомври од ООН е про­гласен за меѓународен ден за борба против сиромаштијата во светот. Хуманитарните активности и донаторството можат да ја ублажат сиромаштијата, но најдоброто оружје против неа е создавањето  услови за работа за невработените и социјалните случаи. Ова нека биде повод и граѓанските здруженија да размислуваат на оваа тема и да преземат одредени акции во таа насока.


23-25 октомври 
 
Саем за граѓанските организации

Македонскиот центар за меѓународна соработка, во соработка со CRS (Catholic Relief Service) и Институтот за трајни заедници, организира Саем за здруженијата на граѓани и фондациите кои работат во Република Македонија. Саемот ќе се одржи во хотелот „Александар палас” во Скопје и претставува извонредна можност граѓа­нските органи­зации да се запознаат, да се прет­стават и да ги разменат искуствата. На саемот се предвидени повеќе обуки, тркалезни маси, трибини, дискусии и други активности.