ЈУБИЛЕИ
60 години УНЕСКО и Македонско лекарско друштво
Организацијата за наука и култура на Обединетите нации – УНЕСКО, во ноември прославиј 60 години од своето постоење. По тој повод, во Париз беше организирана гала-прослава, проследена со културна програма, во која учествуваа и двајца македонски уметници – оперскиот пејач Борис Трајанов (кој е и носител на титулата “Уметник на мирот на УНЕСКО”) и музичарот Драган Даутовски.
Јубилеј со иста “тежина” – 6 децении од постоењето, во ноември прослави и Македонското лекарско друштво. Друштвото организираше свеченост и симпозиум на којшто основна тема на расправа беше медицинската етика и актуелната состојба во здравството. Македонското лекарско друштво е формирано во 1945 година, а во него членуваат 5.000 лекари – со тоа, организацијата е една од најстарите и најмасовни граѓански организации во Македонија.
|
|