Холандските приоритети за регионот

Кон забрзано пристапување

Во првиот месец од управувањето со Европската Унија, Холандија ги постави своите приоритети за регионот на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Агендата предвидува инсистирање на веќе поставената рамка за соработка со земјите во регионот на Самитот во Солун во 2003 г. во форма на Процес за стабилизација и асоцијација, којашто би се остварила со имплементацијата на техничката помош преку програмата ТАИЕКС.

Со договарање рамковни договори со одделните земји, до крајот на годината земјите од регионот на Западен Балкан треба да станат подобни за програмите на Заедницата. Другите поставени приоритети вклучуваат помагање на трговијата и инвестициите, соработка во борбата против организираниот криминал, корупцијата, ширењето на оружјето за масовно уништување, тероризмот, како и соработка со ИЦТИ.            

Т.Х