Црна Гора
МАНС внимателно ќе ја следи приватизацијата
Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) внимателно ќе ја следи годинешнава приватизација на сите претпријатија, особено на оние чија продажба може да има најголемо влијание во идниот развој на Црна Гора. Организацијата и понатаму ќе се занимава со проблематиката на компаниите, како што се термоелектраната Плевља, или пристаништето Бари.
„Приоритет ќе биде да ги натераме институциите на системот да ги објавуваат информациите, како во случајот на Комбинатот за алуминиум, за да имаме можност да видиме што сме продале, на што сме се обврзале и што мора да направат купувачите, за да знаеме дали тие договори се штетни или корисни и за општиот интерес”, информираат од МАНС.
МАНС моментално се обидува да обезбеди основни информации од надлежните државни служби, во врска со приватизацијата на претпријатијата, процес кој се соочува со бројни проблеми, имајќи го предвид третманот на информациите поврзани со приватизацијата, податоци кои се чуваат подобро отколку податоците на Агенцијата за национална безбедност.
Г.Ш.
извор: Онењорлд
|
|