Младите и старите во нова Европа

Конференцијата за социјална заштита „Младите и старите во нова Европа”, која од 19 до 22 јуни ќе се одржи   во Виена, е наменета за сите оние кои покажуваат интерес за службите за здравствена и социјална заштита, вклучително грижата за старите лица, лицата со попреченост, децата, младите, семејствата и грижата за менталното здравје на луѓето. Таа се организира секоја година од страна на www.socialeurope.com и претставува форум на национални асоцијации на директори на службите за социјална заштита и нивните соработници.

За цените на предложените хотели и собите за специјалните делегати, погледнете на www.socialeurope.com/vienna/hotel.htm. Делегатите од јавните тела од следниве земји, добиваат 10% попуст од стандардната членарина за делегати: Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Турција. За повеќе информации, посетете ја страницата www.socialeurope.com/vienna.    

З.В.