ЕГИПЕТ
Дискриминација и апсења на хомосексуалците
Египетската полиција со „успех“ ја применува новата метода за апсења на хомосексуалците – по пат на Интернет им закажува состаноци на кои ги чека полицијата со лисици. Еден 26 годишен Либанец, хомосексуалец, е еден од многуте кои имале разговор на интернет пред да се сретнат со лицето, кое инаку е полицаец на тајна задача.
Египетскиот закон не предвидува директно казнување на хомосексуалците, туку тие се гонат поради кршење на муслиманските норми на однесување. Меѓународната организација „Human Rights Watch“ побарала од египатските власти да се прекине полицискиот лов по интернет и сите други облици на гонење на хомосексуалците и да се преиспитаат веќе изречените пресуди.
Г.Ш.
|