ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Информативни точки…
Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, во рамките на својата Информативна работна програма, започна процес на отворање на информативни точки на ЕУ во рамките на постојните општински центри за информирање на граѓаните.
Целта е преку информативните точки граѓаните на Република Македонија да се запознаат со работата, со организацијата како и со активностите на Европската унија во нашата држава и во регионот. На граѓаните ќе им биде обезбеден бесплатен пристап до интернет-страниците на ЕУ и до публикациите за ЕУ. Исто така, идејата е граѓаните да присуствуваат на средби на различни теми поврзани со ЕУ кои се од интерес за граѓаните на Македонија.
…И ТРИ ПРОЕКТИ ОД ЕИДХР
Во рамките на Европската програма за демократија и човекови права - ЕИДХР ќе бидат финансирани уште три проекти од Македонија. Тоа се проектот „Утврдување стратегија за развој на културата во рамките на мултиетничко општество“, што ќе го спроведува Здружението „Мултимедија“; проектот „Јас граѓанинот, лице в лице со моите претставници во Собранието“, што ќе го спроведува Здружението „Среќен живот“ од Тетово; и проектот „Корупција - не, владеење на правото - да“, што ќе биде спроведен од Граѓанскиот информативен центар „Спектар“.
Средствата во висина од 30.000 евра, колку што изнесува вкупниот буџет на овие три проекти, се неискористените средства од ЕИДХР во 1999 и 2000 година.
|