Форум
Дали би го селектирале домашниот отпад?
Во Скопје сме сведоци на по­зититивното искуство од селек­тирањето на хартијата од страна на граѓа­ните, сто­панските субјекти и раз­личните организации и институции, кое го иницираше АД “Комуна”, која ја собира и ре­циклира старата хартија. Дали сте подготвени истото да го пра­вите со стаклените и пла­стичните шишиња, ли­мен­ките, текстилниот отпад, па дури и органските отпадоци, до­колку некој се “нафати” да ги собира од вашите домови или работни места, со цел да го намали отпадот што ја зага­дува на­шата животна средина и корисно да го употреби (рециклирајќи го) за ново про­изводство? Дали сте под­готвени да сора­ботувате, за заедничките интереси - почиста животна средина, помалку ѓубре, а повеќе можности за развој, вра­ботување, по­т­тикнување на производството?