Национален фонд за поддршка на демократијата

Можности за членство

Националниот фонд за поддршка на демократијата за 2005-2006 година им нуди можност за членство на заинтересираните активисти, академици и новинари да го продлабочат своето разбирање на демократијата и да ја зголемат способноста за промовирање на демократската промена на Меѓународниот форум за демократски студии во Вашингтон.

Програмата нуди две насоки: практична и академска, а кандидатите треба да имаат докторирано или, пак, да работат на својот докторат, односно да бидат практиканти со искуство во работа на дадено поле. Сите членови добиваат месечна надомест, здравствено и патничко осигурување и поддршка во истражувањето. За понатамошни информации и инструкции за начинот на аплицирање посетете ја веб-страницата њњњ.нед.орг.

Краен рок за аплицирање за 2005/6 е 1 ноември 2004 година. 

Т.Х.