“ДОВЕРБА ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ

ДЕСЕТ ГОДИНИ АКТИВНО ДЕЛУВАЊЕ

Здружението за унапредување на лекува­њето, рехабилитација и ресоцијали­за­ци­ја на лицата што злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанции “Доверба” од Скопје, на 17 ноември го од­бе­ле­жа своето 10-годишно постоење. Организацијата во сите овие години вложи несебичен труд во полето на превенција на злоупотреба на дроги.

Во 1997 година од Фондот Ноу хау (Кноњ Хоњ Фоунд) и од Британската влада добија донација за апаратура за Центарот за превенција и третман на злоупотреба на дроги во Кисела Вода. Во 2001 година, со поддршка на МЦМС, беше отворена канцеларијата на “Доверба”, каде беа спроведувани бројни активности, ка­ко што се  информативна линија, сове­ту­ва­лиште, едукација и психоедукација, кр­еативни работилници и др.

Во 2000 година Здружението учествува во работната група на подготовка на за­ед­нички проект на Министерството за здравство, СЗО и УНИЦЕФ на децентрализација на служби за превенција и трет­ман на злоупотреба на дроги, како и во формирањето на Градското координативно тело за борба против дроги на Град Скопје. Во 2003 година “Доверба”  стана член на Националното координативно тело за превенција на ХИВ/СИДА и учествуваше во изработката на националната стратегија за превенција на ХИВ/СИДА во Македонија. Во 2004/2005 година со поддршка на Агенцијата за млади и спорт го реализираше проектот “Младинско советувалиште” каде преку психоедукативни работилници се насо­чува кон превенција и рана и брза интервенција при употреба на алкохол и дроги.