Центар за граѓански и човекови права
Прекугранична соработка за сексуалните малцинства
Центарот за граѓански и човекови права, доследно спроведувајќи ја својата мисија да ја подобри општествената положбата на сексуалните малцинства во Македонија и да обезбеди законска заштита на граѓанските и човековите права на македонската заедница на хомосексуалци/ки, бисексуалци/ки, интерсексуалци/ки и трансродови луѓе, отиде чекор понатаму во своето дејствување и постави цврсти темели за прекугранична соработка со здруженијата на сексуалните малцинства од сите поранешни југословенски републики. Станува збор за едногодишен проект (септемвери 2004 година – септември 2005 година) на кој заедно ќе соработуваат организации од Словенија, од Хрватска, од Босна и Херцеговина, од Србија и Црна Гора и Косово. Центарот за граѓански и човекови права од Македонија ќе биде главен носител на проектот одговорен не само за националното спроведување на проектот во Македонија, туку и за неговото регионално спроведување на ниво на сите земји од поранешните југословенски простори.
Проектот, насловен како Прирачник за лобирање, застапништво и јавно мнение за активистите на ЛГБТИК (ЛГБТИЉ), за своја првенствена цел го има изготвуванјето прирачник за лобирање и застапништво, што здруженијата на ЛГБТИК низ Балканот, но и активистите поединци, ќе можат да го користат како вредна алатка во својата борба за правата на сексуалните малцинства и подобрувањето на општествената положба на истите, а некои од активистите да поминат обука од областа на лобирање, застапништво и други области поврзани со борбата за човековии права. На овој начин здруженијата на ЛГБТИК ќе се оспособат да вршат стручно набљудување врз спроведувањето на националните закони коишто ги штитат правата на сексуалните малцинства и соодветно да реагираат на нивното прекршување.
Г.Ш.
|