влада и ЕУ


Владата на Македонија и Европската Унија ќе доделат награда за македонските опШтини

Целта на оваа нововостановена награда е да се укаже значењето на процесот на децентрализација и да се подобрат услугите за граѓаните. Ќе бидат доделени три парични награди, на три општини што покажале најдобри резултати во подобрувањето на животниот стандард на локалното население. За добивање на оваа награда можат да се пријават општините што спровеле успешни проекти во текот на 2004 и 2005 година, чиј буџет изнесувал најмалку 10 илјади евра. Вкупниот буџет на наградата е 500.000 евра (250.000 за првонаградената, 150.000 за второнаградената и 100.000 за третонаградената). Наградата ќе биде доделена на први јули 2006 година. За начинот на пријавувањето и за други подетални информации, општините можат да се обратат до Делегацијата на Европската комисија во Скопје.

 М.И.