Дали имате колонијален менталитет? ii
Филипински марки кои прикажуваат народни танци
Единствениот лек за колонијалниот менталитет е да се земе доза на самопочит и гордост поради она кои сме и што сме. Може да преземеме свесни чекори да ја поттикнеме гордоста со сопствениот идентитет кај идните генерации филипински Американци преку учење за нивните корени.
Помогнете им да го научат нивниот мајчин јазик. Се сомневам дека тоа ќе им ги намали шансите подоцна да успеат во животот. Напротив, мислам дека таквото нешто ќе им овозможи подобра стартна позиција. Често слушам родители кои велат дека не си ги учат децата да зборуваат тагалог бидејќи сметаат дека поради тоа потомците ќе им станат лоши ученици. Имајте на ум дека на Филипините, во областите каде што некој филипински дијалект е главен јазик, во училиштата се учи англиски како посреден јазик. Има колеџи на кои тагалог е изборен предмет-поттикнете ги децата да го изучат. Родителите може и дома да им го предаваат филипинскиот јазик на децата. Од поголемите книжарски компании, како „Бордерс“ (Бордерс) и „Барнс и Нобл“ (Барнес анд Нобле) може да се снабдите со книги за учење на филипинскиот јазик. Покрај тоа, на интернет може да најдете информации за филипинската историја.
Тука во САД имате на располагање и средства и методи. Нема валиден изговор, освен апатијата и мрзливоста, или дека сте го префатиле синдромот на колонијален менталитет. Си уште не сте сигурни дали го имате, или можеби сте во фазата на одбивање да признаете? Тогаш, прашајте се колку го зборувате јазикот тагалог кога сте меѓу Филипинци? До колку имате деца, дали тие можат барем да го разберат? До колку одговорот е „не“, тогаш, чорба. Тестот дава потврдни резултати.
Јоханна Францисцо. До Ѕоу Хаве Цолониал Менталитѕ Сѕндроме? њњњ.суите101.цом (хттп://њњњ.суите101.цом/артицле.цфм/филипино_америцан_лифестѕле/70708
|