Луѓе: Сенат Врајнко-Беќири
Млади луѓе, волонтирајте во граѓанските здруженија!
Професионално искуство Како професионално искуство од образовниот живот можам да го наведам мојот образовен циклус од основно образование во Врапчиште, средно образование во Гостивар и високо образование во Ескишехир-Турција и Скопје-Македонија.
Ангажирање во граѓански сектор Од 2000 година активно членувам во здружението „Милениум” од Врапчиште. Првин како член во претседателството, после како претседател и сега како извршен директор. Воедно активно членувам во други организации и сојузи.
Хоби и интереси Најомилено хоби ми е да пешачам и да излегувам во природата, а како интерес можам да ги наведам посетите на пријателите.
Најтешка одлука Најтешка одлука во мојот живот беше одлуката за која фудбалска екипа да навивам, бидејќи имав пријатели кои ме наговараа за Галатасарај, а едни за Фенербахче... и јас се одлучив за Фенербахче... и радосен сум сега...
Амбиции Сакам да рефлектирам секогаш позитивна енергија, да го споделам моето знаење со другите. Сакам да бидам богат, за да ја поддржувам работата на граѓанските организации и иновативните идеи на младите луѓе.
Во слободното време чита: Не во слободно, туку скоро секоја вечер пред да заспијам читам книги.
Каде оди во слободното време Во слободно време одам во кафетеријата ЛАЛЕЗАР во Врапчиште.
За време на викендите За време на викендите или излегувам со семејството на прошетка или играм кошарка или фудбал
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Мојата филозофија е да се зајакне граѓанскиот сектор со финансиска поддршка и да не се оди кон затворање на веќе постоечките здруженија. Воедно националната и локалната власт, да посветат поголемо внимание кон истите, а не да формираат свои ешалони кои покажуваат непрофесионалност и лоша слика за граѓанскиот движење.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Најголем проблем, кој глобално врши експлоатација на луѓето, според мене е зголемувањето на зависноста на луѓето од енергијата, тука мислам на парите, мобилните телефони, интернетот, купувањето итн.
Што би променил/а во Македонија и во светот? И Во Македонија би ја променил политиката, како на пример, би водел повеќе економска политика отколку националистичка, би вовел претседателски модел на управување, целата држава би ја направил слободна економска зона,... А во светот... би сакал науката да служи за добри цели.
Совет/порака Млади луѓе, бидете иницијативни и волонтирајте во граѓанските здруженија!
Никогаш не би можел/а Никогаш не би можел да бидам различен од тоа што сум сега.
|