ПРОГРАМА ТАИЕКС (ТАИЕЏ)
Семинари за техничка помош
Програмата ТАИЕКС (ТЕИЕЏ) на Европската комисија има за цел да даде техничка помош и да обезбеди размена на информации во контекст на проширувањето на ЕУ. Македонија, како една од државите-потписнички на Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, е корисник на оваа програма. Средствата доделени за земјите од Западен Балкан преку ТАИЕКС изнесуваат 6 милиони евра за првата година од нејзиното спроведување.
Неодамна, програмата беше претставена во Македонија, а во текот на летото, во Брисел, беа одржани серија семинари за законодавството на ЕУ од областите на производството на храна, заедничката земјоделска политика, развој на руралните средини, царинската политика, ДДВ, заедничките придобивки на внатрешниот пазар и борбата против организираниот криминал. На семинарите учествуваа претставници од државите-потписнички на Спогодбата за асоцијација и стабилизација.
М.И.
|