УСАИД
Концерт на Тоше за придонес во образованието
Американската организација УСАИД, во рамките на својот проект за основно образование, организира концерт на Тоше Проески. Концертот, под мотото „Образованието е одговорност на сите”, ќе се одржи на 5 октомври 2007 година, со почеток во 19:30 часот на Градскиот стадион во Скопје. Приходот од концертот ќе биде искористен за снабдување на училиштата со иновативни технологии и наставни помагала, што ќе обезбедат поголем квалитет и подобро образование за децата во Македонија.
УСАИД ќе формира комитет во кој ќе бидат вклучени познати јавни личности со цел да се осигура дека собраните средства се соодветно пресметани и дистрибуирани до училиштата на транспарентен начин. Билетите се во продажба низ целата држава преку МАССУМ, Космофон, Југотон и други поголеми продажни места. Цената на билетот е 200 денари, а во продажба се и посебни ВИП билети што чинат 1.500 денари.
Целта на овој проект на УСАИД е да се придонесе во подобрувањето на образованието во Македонија. Во неговите рамки, се дистрибуира опрема за училиштата, која вклучува ЛЦД-проектори, дигитални камери и опрема за математика и за природната група предмети.
М.И.
|
|