АЛБАНИЈА На Универзитетите им недостигаат фондови за научни истражувања
Во текот на минатата декада, на албанските универзитети не им биле доделени потребните фондови за научни истражувања, што довело до намалување на квалитетот на образованието, но и до фактичката состојба, албанската диплома да не може да биде унифицирана на европските универзитети, ниту да биде ратификувана во Европа.
Поддршката на научните истражувања е едно од ветувањата на новата влада при изборната кампања, а нејзината програма треба да ги земе во обзир институтите поврзани со Академијата на науките, како и другите институции коишто работат во подрачјето на природните науки, за да се пронајдат можности и начини на истражување и универзитетска соработка. Универзитетите често биле критикувани дека се средни училишта со универзитетски програми, дека во нивната работа доминираат предавања и испити, но дека истражувачката работа е потполно занемарена.
Г.Ш.
|
|