историјат на граѓанското општество

Две години “Еко-мисија”

Веќе две години во Македонија е активно еколошкото друштво “Еко-мисија”, чие основачко собрание е одржа­но на 17 февруари 2003 година.

Од самите почетоци на формирање на здружението, тоа е отворено за граѓаните со едукативна-пропагандна мисија за ани­мирање во прилог на заштита на животната средина. Здружението е отворено за дискусии и во него демократски  се одлучува.

Минатата година “Еко-мисија” зеде учество во јавната расправа по Нацрт-локалниот еколошки акциски план (ЛЕАП) на Скопје, а по повод Денот на пролетта членовите организираа пошумување на Долги Рид на Водно, каде поставија и табла за основни пра­ви­ла за однесување во природата. Во јули, минатата година, по пока­на од Институтот за регионални и меѓународни истра­жу­ва­ња од Бугарија, меѓу претставниците на граѓанските здруженија од Македонија на неколкудневно студиско патување низ Бугарија учествуваа и преставници на “Еко-мисија”, при што беа орга­ни­зи­ра­ни средби и размена на искуства со претставници на здру­же­ни­ја од неколку градови.Во месец октомври 2004 година во соработка со Македонското еколошко друштво, Фон­дот за заштита на дивата флора и фауна и Природонаучниот музеј оваа еколошка орга­ни­за­ци­ја организира предавање за загрозеноста на грабливите мршојадни птици во Македонија. Во месец ноември, Еко–мисија стана полноправен член на меѓународната организација Работна гру­па за заштита на биодиверзитетот на Централна и Источна Европа (ЦЕЕЊЕБ) и имаше свој прет­ста­в­ник на нивното годишно собрание во Унгарија, а од декември 2004 година и полноправен член на Дви­жењето на екологистите на Македонија (ДЕМ).

Во тек е иницијатива за забрана на сообраќајот и автотрките на Водно, за што екологистите имаат поддршка од сите еколошки и планинарски друштва од Скопје, од општините и од други државни институции.         

Д.М