Форум

Колку солидарноста е составен дел од секојдневната професионална работа и од работата на граѓанските организации

Ресоцијализацијата како крајна цел и посакуван продукт од рехабилитацијата го отсликува професионалниот пристап, работата и однесувањето на терапевтот кон пациентот. Во самиот пристап на вредности кои се од витален интерес за поединецот и општеството во целина, физиотерапевтот и работниот терапевт го креираат рехабилитацискиот план и програм којшто мора да биде успешен и функционален. Контактот со пациентите е професионален и јасен со сиот респект на нивните позитивности и недостатоци. Разбирањето и почитувањето на приватноста и достоинството се нишка којашто го врзува пациентот за терапевтот.

Здружението на физиотерапевтите и работните терапевти на Македонија ги соединува сите професионалци од овие категории и профили, во подигањето на нивото на услуги, со континуирана едукација и професионализација. Терапевтот секаде во светот е највисоко рангиран и ценет профил, кој рака под рака со пациентот  ги преживува и решава сите проблеми кои го мачат. Мултидисциплинираниот пристап во работата со пациентите ги прави терапевтите различни од сите медицински профили. Светските терапевтски стандарди коишто нашето здружение ги издаде и усвои, имаат за цел да го промовираат професионалниот идентитет и пристап кон ранливите групи, во склад со Светската асоцијација на терапевтите ВЦПТ (Њорлд Цонфедератион оф Пхисицал Тхерапистс). Поддршката, меѓусебната соработка и солидарноста на терапевтите е капка надеж за пациентите кои заслужуваат повеќе внимание.  - Горан Саневски, дипл. физиотерапевт, претседател на  физио и работните терапевти на Р. Македонија